Со 279 гласа „за” и 51 „против” турскиот Парламент усвои закон со кој ќе се овозможи ослободување на десетици илјади затвореници.
Предлог-законот е со цел да се растеретат преполните затвори, а беше усвоен вчера, како дел од мерките за спречување на коронавирусот.
Законот нема да важи за обвинетите за тероризам.