Астрономите ја забележале досега најсилната супернова, а најголемата досега регистрирана експлозија на ѕвезда е десет пати посилна од нормалната супернова и 500 пати посветла.
Ова го објавија научници од Велика Британија и САД во истражување објавено во списанието Nature Astronomy, кое го пренесуваат светските медиуми.
Астрономите од Универзитетот во Бирмингем и од Центарот за астрофизика Харвард-Смитсониан во САД го опишаа нивното откритие, наречено SN2016aps, како „исклучително моќна супернова на масивна ѕвезда”.
Покрај по својата големина и раскош, таа била „спектакуларна” и по други својства, изјави коавторот на истражувањето Едо Бергер од Универзитетот во Масачусетс.
Таквата супернова емитува само еден процент од својата енергија во видлива светлина, но SN2016aps емитува многу поголем дел од вообичаено.
Научниците проценија дека SN2016aps има енергија како 200 квадрилиони гигатони ТНТ експлозив.
Експлозии како оваа, велат научниците, би можеле да ни помогнат да научиме за супермасивните sвезди што можеби постоеле во раниот универзум.