Бајден победи на контроверзните избори во Висконсин

Поранешниот потпретседател на САД, Џо Бајден го победи сенаторот Берни Сандерс на предизборите за демократската претседателска номинација во Висконсин, според објавените резултати откако Сандерс веќе ја напуштил трката и го поддржал Бајден.

Бајден победи во Висконсин со 63 проценти од гласовите, но тој и пред тоа стана демократскиот кандидат кој ќе се соочи со републиканскиот претседател Доналд Трамп на изборите на 3 ноември, бидејќи Сандерс се откажа минатата недела и во меѓувреме го поддржа поранешниот потпретседател.

Хаотичните избори во Висконсин, на кои многу гласачи чекаа во долги редови и покрај здравствените ризици и одредбите да се остане дома поради пандемијата на коронавирус, откриваат како би изгледале националните избори во ноември ако се уште трае пандемијата.

Изборите во Висконсин, една од државите што ќе бидат клучни на претседателските избори, беа контроверзни затоа што им претходеше правна битка меѓу демократите и републиканците.
Гувернерот на демократите Тони Еверс прво ги одложи изборите до јуни, но републиканското мнозинство во тамошниот парламент поднесе жалба до судот со образложение дека Еверс не може еднострано да го смени датумот на изборите.

Треба да знаете
Последни објави