Бројот на смртни случаи во Велика Британија од новиот коронавирус може да биде 15 проценти поголем отколку што покажуваат официјалните бројки, објави „Ројтерс“, повикувајќи се на Националното биро за статистика (ОНС), кое ги бележи смртни случаи од коронавирус и надвор од болниците.
ОНС наведува бројка од 6.235 смртни случаи во Англија и Велс до 3 април, за кои како причина за смртта се наведува „ковид-19“ .
„Кога ќе ги разгледаме податоците од Англија, тоа е 15 проценти повисоко од она што го наведува Националниот институт за здравствено осигурување (NHS) затоа што ги наведовме сите починати на чии посмртници се спомнува ковид-19 или се сомневаат на тоа заболување, како и оние кои починале надвор од болница, на пример, во старски домови“, рече Ник Стрип, статистичар на ОНС.
Според последните податоци, 11.329 луѓе позитивни на коронавирус починале во болниците во Велика Британија до 4 часот во неделата.