Велешанец фатен „жив“ во кражба во автомобил за време на полициски час

На 13.04.2020 околу 21.30 часот, додека траела забраната за движење, од полициски службеници од СВР Велес бил лишен од слобода М.А.(23) од Велес, бидејќи бил фатен при вршење на тешка кражба од автомобил, паркиран на ул.„Димко Најдов“ во Велес.

По извршениот претрес во неговиот дом, биле пронајдени повеќе предмети кои потекнуваат од кривични дела кражби, како и алат и предмети со кои се извршени кривичните дела. Лицето е задржано во Полициската станица Велес.

Против него ќе биде поднесена соодветна пријава за сторените кривични дела, како и за непочитување на забраната за движење.

 

Треба да знаете
Последни објави