Грчки свештеници фатени како служат миса и покрај забраната

Грчките власти покренаа постапка против двајца свештеници, кои и покрај забраната за црковни обреди, воведена поради пандемијата на коронавирус, служеле миса во црква.

Како што пренесуваат грчките медиуми, се работи за свештеник од Атина и свештеник од островот Крв. „Катимерини“ пренесува дека свештеникот од Атина е снимен од соседна зграда како тајно причестува луѓе.

„Тоа што денеска се случи во црквите во Атина и Крв е кршење на законот, кое довело ги довело во опасност животите на граѓаните и јавното здравје во опасност. Го контактирав министерот за правосудство и побарав да се покрене постапка против одредени лица“ потврди Никос Хардалиас, заменик министер за цивилна заштита во Грција.

Грчката влада во борбато против коронавирусот ги забрани сите поголеми собирања, вклучително и црковните. Верските објекти останаа отворени само за одделни молитви, а високи претставници на Грчката православна црква ги повикаа луѓето да останат во своите домови.

И во Хрватска забранети се одржувањата на мисите во верските храмови. И покрај забраната, свештеник од Сплит одржа миса за Велигден нарекувајќи го коронавирусот „американски производ“. Новинарката која го снимила свештеникот на мисата беше нападната, а полицијата приведе две лица.

Треба да знаете
Последни објави