Законот важи за сите подеднакво, спроведени се постапки против сите што го прекршиле

Одговор на новинарско прашање, Коста Петров , потпретседател на СДСМ

 
Прашање:   Дали како партија ќе го осудите вчерашното таканаречени протести на дел од граѓаните во населбата Ченто, кои наводно поставувале лежечки полицајци за време на полициски час, а притоа ја попречуваа работата на МВР? Како ја оценувате реакцијата на градоначалникот од вашите редови Борче Георгиевски?

Одговор:  Како партија ги осудуваме сите непочитувања на мерките на Владата на Република Северна Македонија, она што би сакал да напоменам е дека пораката на градоначалникот на Гази Баба имаше една цел, да  ја смири ситуацијата. Би сакал да кажам дека сите сме еднакви пред законот и законот важи подеднакво за сите. Она што можам да го потврдам е дека МВР има поднесено три кривични пријави за три лица, а најавени се и мерки за сите други што излегле на улица. Мој апел до сите граѓани е да не дозволиме еден изолиран инцидент да ја засени одличната работа на стотици здравствени работници, на сите институции и на сите граѓани кои седат дома, се борат против овој смртоносен вирус.

Треба да знаете
Последни објави