Обама: Бајден е вистинскиот кандидат за водење на САД
Поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави Барак Обама ја поддржа номинацијата на Џо Бајден за кандидат на демократите на претседателските избори во САД годинава.
Обама, во подолгото видео, го фали ликот на Бајден и неговата отпорност, зборувајќи за него како вистински избор за водење на земјата низ криза како актуелната пандемија на коронавирусот.
Обама ја истакнува и улогата на изборите во 2020 година тврдејќи дека актуелниот претседател на САД Доналд Трамп и републиканците во Сенатот се „исклучиво заинтересирани за власта, не постигнувајќи напредок за Американците“.
„Ако постои нешто што како земја го научивме од моментите на голема криза, тоа е дека духот на внимание едни кон други не може да биде ограничен на нашите домови, нашите работни места, нашите квартови или нашите куќи“, кажа Обама.
Инаку Бајден беше потпретседател на САД во мандатот на Обама.