Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за продолжено кривично дело – Загрозување на сигурноста од член 144 став 4 во врска со член 45 од Кривичниот законик.
Обвинетиот С.Р.(34), во периодот од 29 до 31 март, искористувајќи исти прилики и други слични околности, преку својот профил на Фејсбук објавил слики на високи претставници на Владата и лидер на политичка партија, проследени со закани дека ќе изврши кривично дело- убиство за кое е пропишана казна затвор од над пет години.