Во Албанија во последното деноноќие забележан е пад на новозаразените со Ковид-19. Според Еугена Томини од Инситутот за јавно здравје, новодијагностицирани се само осум лица, од нив по еден здравствен работник во Кукс и Скадар, со што вкупната бројка сега изнесува 475 лица.
-Од тестираните 236 сомнителни случаи, од кои 45 се медицински персонал од Регионалната болница во Скадар. Од вкупно тестираните позитивни се осум лица, меѓу нив по еден здравствен работник во Скадар и Кукс. Бројката на новозаразени споредено со вчера е помала за 13 лица. До
сега тестирани се 4.306 лица од нив позитивни на коронавирус се 475 лица, рече Томини.
Додаде дека во последното деноноќие 16 пацинети се излекувани со што вкупната бројка сега е 248.
-Сакам да информирам дека во Инфективната клиника и во болницата „Шефќет Нроќи”се наоѓаат 46 пациенти,од нив 12 се на интензивна нега, додека пет се интубирани. За првпат регистриран е случај на заразен од опасниот вирус во Кукс а станува збор за здравствен работник, изјави таа.
Инаку, со двајцата новозаразени здравствени работици вкупната бројка се зголеми на 50, при што 33 од нив се излекувани.