Повеќе од 200 заразени со Ковид-19 во дом за нега на стари лица во Будимпешта

Повеќе од 200 луѓе во дом за нега на стари изнемоштени лица во Будимпешта се заразени со новиот коронавирус, а десет починаа, изјави денеска шефот на унгарските здравствени служби Сесилија Мулер.

Појавата на Ковид-19, во тој дом во Будимпешта во квартот Ракоскерестур, за првпат беше објавена минатата недела кога тестовите покажаа дека 100 лица биле заразени.

Иако заразени има и во  други унгарски домови за нега на стари лица, случајот во домот во Ракоскерестур, е најтежок бидејќи во него се сместени 500 лица.

Унгарските власти регистрирале досега 1.512 случаи на заразени со Ковид-19 и 122 лица починати од таа болест.

Треба да знаете
Последни објави