Русија со нов метод на итна превенција против коронавирус

Руското министерство за здравство објави денеска дека е воведен нов метод на итна превенција во врска со излОжувањето на медицинските работници на телесни течности заразени со коронавирус, пренесе ТАСС.

Медицинскиот персонал во Русија секојдневно се прегледува и министерството укажува дека тоа е обврска од највисок приоритет за сите раководители на медицински установи.

Ианку денеска во Русија е регистриран рекорден број на новозаразени со коронавирус – 2.774 лица, со што вкупниот број заразени во земјата се искачи на 21.102 пациенти. Најголем дел од заболените се во Москва. Досега починале 170 луѓе, а направени се над 1,4 милиони тестови на Ковид-19.

Властите во Москва предупредуваат дека во градот може да се јави недостиг од болнички кревети поради растот на бројот на заболени.

Треба да знаете
Последни објави