На годинешниот меѓународен саем CES, Samsung ги претстави најновите QLED 8K и 4K телевизори кои се одликуваат со врвни иновации во поглед на репродукција на сликата и звукот, како и извонреден дизајн, за досега невидено корисничко искуство. Влијателни британски и американски медиуми ѝ доделија бројни признанија и награди на компанијата Samsung за некои од најнапредните одлики на серијата. Американското списание Forbes ги пофали Samsung QLED 8K Q950TS/Q900T моделите за извонредно квалитетна слика и дизајн, нагласувајќи како нивната иновативна технологија создава чувство на длабочина, текстура и детали на сликата во далечни филмски сцени, како и уникатни визуелни ефекти. Дополнително, британскиот AV forum го прогласи Q950TS „Најдобар во класата“, истакнувајќи ја минималната големина на рамката од 15mm и нарекувајќи го „импресивен 8K телевизор, со широк спектар на напредни спецификации“.
Порталите HD Guru и Tech Aeris, од друга страна, го оценија моделот QLED 8K Q800T со пет ѕвездички и со титулата „Избор на уредникот“. За време на рецензијата, HD Guru не го пофали само овој уред, туку и целата Samsung 8K ТВ серија, заради моќниот систем на репродукција на сликата и звукот, нагласувајќи дека зголемената пикселизација овозможува прецизен приказ на бојата, 100% волумен и високи HDR перформанси, дури и во сцени богати со сенка. Дополнително, Tech Aeris го истакнува елегантниот дизајн на уредот и неговата ултра тенка рамка како најголема предност поради која овој телевизор создава впечаток „како да лебди во воздухот“.
Освен тоа, американскиот AVS Forum го вклучи QLED 4K Q90T во изборот за најдобар уред во 2020. година, заради неговата прилагодливост и перформансите на екранот, како и напредните технологии за изострување на деталите и текстурата на сликата.
„Серијата на нашите QLED 8K и 4K телевизори за 2020. година ги интегрира иновациите на Samsung во полето на квалитетот на сликата, звукот и дизајнот за врвно корисничко искуство. Доказ за тоа се многубројните награди и признанија“, изјави Jongsuck Chu, потпретседател на бизнис одделот за визуелни дисплеи во компанијата Samsung Electronics.