5 Минути Факти: Зошто воздухот е загаден и во време на вонредна состојба?

За тоа зошто воздухот е и понатаму загаден и покрај намаленото движење на автомобилите и на граѓаните, истражуваше екипата на емисијата „5 минути факти“ во вчерашната епизода.

„Старите лица и хронично болните, а посебно луѓе кои долги години живеат во услови на загадување, веќе имаат намален имунитет и намален капацитет на белите дробови, и затоа имааат повеќе шанса да се заболат од Ковид-19. Смртноста од Ковид се зголемува во време на загаден воздух“, изјави проф. Др. Драган Ѓорѓев од Институтот за јавно здравје.

Заменик министерот за животна средина Јани Макрадули тврди дека се прават редовни контроли на индустриските капацитети. Според него, тие не се загдувачи за време на полицискиот час. Тој вели дека инспекторите дежураат таканаречено пасивно, и кога има ограничено движење.

Целата емисија која се емитува секој понеделник на Канал 5 од 18 часот, гледајте на следниот линк:

https://www.facebook.com/Kanal5Televizija/videos/3233532793370215/

Треба да знаете
Последни објави