Вoленс: Стапката на смртност во Велика Британија ќе расте уште оваа недела

Бројот на смртни случаи од коронавирусот во Велика Британија најверојатно ќе продолжи да се зголемува оваа недела, по што ќе се стабилизира во текот на следните две до три недели, изјави главниот научен соработник на британската Влада Патрик Воленс.

Тој на дневна прес-конференција на британската Влада за коронавирусот изјави дека Велика Британија, кога станува збор за смртноста од Ковид-19 „оди по сличен пат” како и Италија, земја со најголем број смртни случаи во Европа.

Воленс прецизираше дека бројот на жртвите ќе расте оваа недела, „за подоцна да се видат позитивните ефекти од мерките за социјално дистанцирање во форма на приближно слични дневни бројки”.

Во Велика Британија, според најновите податоци, од коронавирусот досега починале 11.329 луѓе.

Треба да знаете
Последни објави