Бројот на починати од вирусот Kовид-19 во Италија се зголеми за 602 лица, што претставува зголемување од вчерашните 566, додека 2.972 се новозаразени. Добрата вест е што бројот на новозаразeните е најмал во изминатиот месец.
Агенцијата за цивилна заштита соопшти дека 21.067 луѓе починале во Италија од 21 февруари, кога е регистриран првиот случај.
Бројот на заболени од коронавирусот во земјата изнесува 162.488 лица, со што Италија е трета земја во светот по бројот на заразени, зад САД и Шпанија.
Во Италија има 3.186 лица на одделите за интензивна нега, а досега задравеле 37.130 пациенти.