Во просториите на општина Бутел денеска се одржа крводарителска акција.
Меѓу хуманите луѓе кои даруваат крв беше и градоначалникот Велимир Смилевски.
И покрај новонастанатата ситуација со корона вирусот во денешната КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА учество земаа , многу хумани граѓани и вработени во Општина Бутел вклучувајќи ги и наставниците од општинските основни училишта.
Солидарност и доброволност е важноста за крводарителството, а денеска Бутел покажа голема хуманост преку дарување на крв, кој е лек за кој не постои соодветна замена.
Крводарителските акции кои ги организира Општината имаат за цел да ги зголемат резервите на крв, да ја подигнат свеста за важноста на крводарителството, но и да придонесат во постојаната борбата од потреба за пациентите каде е неопходна во новонастаната ситуација.