Г7 се залагаат за привремен прекин на отплатата на долговите на сиромашните држави

Групата седум земји (Г7) се залага за привремен прекин на отплатата на долговите на сиромашните земји, соопшти денеска Г7. Предлогот беше одобрен од министрите за финансии и централните банки, но само ако тоа го потврдат и владите на Г20.

Групата Г7 ги вклучува Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија, Велика Британија и САД.

Поддршката за предлогот беше дадена на он-лајн средба со која претседаваше Стивен Мнучин, американски секретар за финансии.

Треба да знаете
Последни објави