Најмоќниот лек за јакнење на моралот на здравствените работници во Њујорк, во епицентарот на кризата со новиот коронавирус , можеби е музика.
Дневни инфузии на убави песни – од класиката на „Битлси“ Here Comes the Sun („Еве го сонцето“) до темата од филмот Rocky („Роки“) се испумпуваат низ болничките системи за јавно обраќање за да го зајакнат духот на медицинските сестри, докторите и помошниот персонал.
Во Соединетите држави околу 545.000 луѓе се дијагностицирани со „Ковид-19“ во Соединетите држави заклучно со неделата, а приближно 21.600 умреле од заразната болест, пренесува Ројтерс.
Дневна доза во 4.30 попладне на хитот Call On Me на австралиската поп-пејачка Старли, им даде сила на вработените во болницата Маунт Синај во Њујорк, кои ракоплескаат откако поголем број на пациенти беа пуштени дома од преполниот објект наспроти Универзитетот Колумбија.
„Некои луѓе ќе кажат дека ја прифаќаат својата судбина. Па, ако ова е судбина, тогаш ќе најдеме начин да измамиме”, пее Старли. „Знаете дека можете да ме повикате, ако не можете да ги сопрете солзите да не паѓаат“.
На њујоршкиот Лонг Ајланд, радосната Here Comes the Sun ечи на разгласот во „Маунт Синај“ секој пат кога еден пациент се отпушта од болницата.