Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен утре ќе ги претстави критериумите и условите што земјите-членки треба да ги земат предвид при одлучувањето да ги укинат рестриктивните мерки воведени за борба против пандемијата Ковид-19.
– Ние нема да им кажеме на земјите-членки кога е време за нив да почнат со намалување на рестриктивните мерки. Одлуката зависи од секоја членка поединечно, а ние им препорачуваме критериуми и услови што сметаме дека треба да бидат земени предвид при одлучувањето, рече портпаролот на ЕК, Ерик Мемер.
Една недела по интервенцијата на земјите-членки, Европската комисија ја одложи презентацијата на т.н. „излезна стратегија” од пандемијата Ковид-19, Урсула фон де Лајен ќе претстави „патоказ” за прекинување на рестриктивните мерки.