Во соседна Србија по се изгледа се прели чашата во битката со пандемијата против коронавирусот. Првиот човек во епидемиолошкиот тим кој ја води битката д-р Предраг Кон на општо изненадување соопшти преку фејсбук статус дека одлучил да се повлече од оваа борба и да им ја остави пандемијата на други свои колеги. На ваквата најава како пренесуваат српските медиуми веднаш реагирал претседателот на државата Александар Вучиќ со најава дека ќе го убедува да остане до крај во оваа борба.
-Има такви кои влечата на една страна. Постојано бараат некои виновници. Тоа го разбирам, но е некорисно. Полесно им е да оцујат некого, а никој не гледа дека основната причина на целата оваа ситуација е самиот вирус. Ние како општество сме поделени, а треба да бидеме како никогаш обединети во борбата со вирусот – вели Кон за своето повлекување.