Приведените во Сингелиќ ќе бидат санкционирани за прекршување на полицискиот час

Полицијата ги обави деталите за вчерашниот инцидент во Сингелиќ во кој беа приведени тројца за неочитување на полицискиот час, по што се собраа стотина гражани на протест.

-На 13.04.2020 во 22.00ч. во Полициска станица Гази Баба од страна на полициски службеници биле лишени од слобода В.М.(19) од Арачиново, С.Р.(21) од с.Синѓелиќ и В.В.(30) од ул.„Алија Авдовиќ“, поради основано сомнение за сторено кривично дело  по чл.206 од Кривичниот законик на РСМ, односно непочитување на ограничувањето на движење.

По лишувањето од слобода на лицата, поголема група граѓани излегле на ул.„Алија Авдовиќ“, во знак на протест. По изготвената соодветна документација, лицата се пуштени од полициската станица, а насобраната група граѓани се разотишла. Ќе бидат преземени соодветни мерки и против останатите лица што не го почитуваа ограничувањето на движење., велат од МВР.

Треба да знаете
Последни објави