Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека тој а не гувернрите на државите, ќе донесе конечна одлука за тоа до кога САД ќе бидат „заклучени“.
„Кога некој е претседател на САД, тој има апсолутна моќ“ рекол Трамп и нагласил дека овој факт им е познат и на гувернерите.
Трамп истакнал дека администрацијата е многу близу до завршување на планот за отворање на земјата, што, како што се надева тој, ќе се случи и пред планираниот рок.
Американскиот претседател најави дека до крајот на неделата ќе донесе одлука за финансирање на Светската здравзтвена организација, откако претходно се закани дека ќе го замрзне финансирањето.