Интернетот се вжешти откако се појави човек кој изгледа исто како легендарниот актер Кијану Ривс, ѕвездата на блокбастерот „Џон Вик“.
Доколку личите на холивудска ѕвезда, привлекувате внимание каде и да одите, а и додворувањето е многу полесно, особено кога ве мешаат со актер како Кијану Ривс, пишуваат светските таблоиди.
Маркос Жевес, по потекло од Бразил, ги остави корисниците на Интернет запрепастени од неговите вирални фотографии и видеа на кои јасно се гледа дека тој е копија на славниот холивудски актер.
Бразилецот открива дека запознал многу луѓе кои мислат дека е ѕвездата на „Матрикс“ и фактот дека многу личи на него го прави многу популарен кај дамите.
Во видеото на Инстаграм, Маркос вели дека пораснал како “плукнат“ Кијану, и дека толку многу луѓето го спредувале со актерот што сега тој му е инспирација и се обидува да го имитира во своите видеа.
Бразилскиот Кијану Ривс вели дека сличноста многу му помогнала во животот, особено во љубовта.