„Адидас“ доби кредит од 2,4 милијарди евра од германската државна банка

Германскиот производител на спортска облека „Адидас“ доби 2,4 милијарди евра кредит од државната банка за развој КфВ за да се справи со економските последици од пандемијата на коронавирусот.

Државната банка се обврза да одобри кредит од 2,4 милијарди евра, а дополнителни 600 милиони евра кредит се одобрени од група банки, објави „Адидас“.

„Поради тешките последици од глобалното ширење на коронавирусот во бизнисот, ’Адидас’ мораше да преземе дополнителни чекори за да обезбеди финансиска флексибилност“, се вели во соопштението на германската компанија.

Од „Адидас“, исто така, порачаа дека нивните извршни директори нема да добијат краткорочни и долгорочни бонуси за оваа година, „што вкупно изнесува 65 проценти од целниот годишен надомест“.

Треба да знаете
Последни објави