Двајца полициски службеницви, едниот од затворот „313″ во Тирана и еден од затворот во Скадар се позитивни на новиот коронавирус, додека 19 нивни колеги се во домашна изолација.
Што се однесува до полицаецот од затворот „313″, кој се смета за еден од најбезбедните затвори во Албанија, е на домашнои лекување, а позитивно на вирисот е и неговото смејство, додека 12 негови колеги се ставени во домашна изолација.
Полицискиот службеник од затворот во Скадар е на домашно лекување, додека седум негови колеги се во изолација.
По појавата на новиот коронавирус Владата донесе одлука за привремено тримесечно ослободување на 500 затвореници, кои се постари од 60 години, а се хронични болни, како и затвореници на кои од казната им се останати помалку од три години, но не се осудени за тешки кривични дела.
Инаку, според денешното соопштените на Министертвото за здравство во последното деноноќие во Албанија регисрирани се нови 19 случаи заразени со Ковид-19, што е за 11 повеќе од вчера или вкупно 494 лица.