Дејвид Робертс (70) бил изненаден кога го видел славниот фудбалер во својата градина со торба полна со продукти. Тој откри дека му најавиле дека славна личност ќе го посети, но рече дека не очекува тоа да биде легендарна фудбалска sвезда како Бекам.
Посетата всушност била дел од добротворната кампања организирана од „Ејџ Велика Британија“, фондацијата оформена да им помогне на пензионерите. “Дејвид пристигна на време. Сè што можев да помислам и да му кажам беше: Здраво, како си?” изјави за Оксфорд Меил.
“Тој е добар човек. Разговаравме за тоа што ќе се случи со фудбалските сезони на Манчестер Јунајтед и Ливерпул. Тој ми даде торба со средства за домаќинството”, додаде тој.
https://youtu.be/KrzFSwfJuHE