Бројот на заразени со коронавирус во светот надмина два милиони, покажуваат последните податоци од порталот „Ворлдометерс“.
Универзитетот „Џонс Хопкинс“ во Вашингтон на својот портал посветен на коронавирусот наведува дека досега со вирусот Ковид-19 заразени се нешто помалку од два милиони луѓе – 1.982.552.
Сепак, според последните податоци на Светската здравствена организација, во светот има 1.848.439 потврдени случаи.
„Ворлдометерс“ наведува дека со вирусот се заразени 2.000.728 лица, дека починале 126.776, а дека се излечиле 484.747.
Најмногу заразени има во САД – 614.246, додека во оваа земја од коронавирус починале 26.064 луѓе.
Шпанија пријави 174.060 случаи на коронавирус, како и 18.255 смртни случаи.
Во Италија пак од коронавирус починале 21.067 лица, а заразени се вкупно 162.488.
Франција има 143.303 заразени, а починати 15.729 луѓе. Германија пријавила 132.210 случаи и 3.495 починати. Во Велика Британија има 93.873 заразени лица, а починати 12.107.
Во Кина, каде вирусот се појави кон крајот на минатата година, заразени се 82.295 лица, починале 3.342, а во оваа земја во последните 24 часа, според податоците на „Ворлдометерс“, пријавени се 46 новозаразени.