Ѕвездата на трилер драмата Knives Out („Ножеви надвор“), Ана де Армас, проговори за улогата на Бонд девојка, Палома, во најновиот филм за славниот таен агент 007 No Time to Die („Нема време за умирање“).
Во разговор со „СинемаБленд“, номинираната за „Златен глобус“ ја сподели својата резервираност за зачекорување во иконските чевли имајќи предвид дека наследството на овие женски улоги е преголемо.
„Бонд девојките со години портретираат специфичен тип на жена,“ вели прекрасната Кубанка.
Таа влегува во друштво на неодоливите девојки кои соработуваат со 007, а меѓу нив беше и Хали Бери.
„Јас ова го поврзувам со некој вид стандарди за совршенство и убавина над нормалното. Стандарди за кои сметам дека не одговарам. Bев шокирана кога режисерот ми се јави и ми рече: Ликот сè уште не е напишан, но ние сакаме да го сториш тоа.“
Ана сакала да понуди нешто уникатно во No Time to Die, наместо претходните девојки од Бонд, кои само „треба да бидат спасени или се зли“.
„Морав да го прочитам сценариото. И потоа ми ги испратија сцените. Важно е, затоа што сакав да донесам нешто ново во приказната,“ додава Ана.
„Не е време за умирање“ првично требаше да почне да се прикажува во киносалите до сега, но заради кризата со коронавирусот, ќе мора да почекаме малку подолго за да видиме што ново ќе донесе Ана.