Нова вознемирувачка снимка од авионска незгода што случи во Русија минатата година, беше објавена денеска кога руските власти го обвинија капетанот на авионот за небрежност.
На 5 мај 2019 авионот „сухој суперџет 100“ во текот на летот бил погоден од гром. Поради тоа дошло до дефект на електрониката во леталото кое се упатило назад кон московскиот аеродромо Шереметјево за итно слетување.
Во пожарот кој настанал при слетувањето на авионот загинаа 41 патник од вкупно 78 кои биле на летот, вклучувајчќи го и екипажот, пренесува „Дејли мејл“.
Видеото кое беше објавено денеска и кое ги покажува огромните пламени јазици што го зафатиле авионот е дел од кривичната истрага за случајот.
Капетанот на авионот, Денис Евдокимов (42), тврди дека тој е неосновано обвинет за несреќата, бидејќи авионот бил погоден од гром кратко по полетувањето.
Доколку биде осуден во врска со несреќата, тој се соочува со затвор до седум години. Пилотот се вратил на московскиот аеродром, од каде што полетал, правејќи ризично принудно слетување, по кое избил пожар во леталото, покажува објавената снимка.
Евдокимов (42) официјално е обвинет за кршење на правилата за безбедност и несовесно управување со неговиот авион што предизвикало масовна смрт, штета на здравјето и голема материјална штета.
На новообјавената снимка се гледа дека по 17 секунди од ризичното слетување, се отвора првиот излез за вонредни ситуации, а четири секунди подоцна се евакуира и првиот патник.
Вториот излез за итни случаи се отвора 30 секунди потоа.
Триесет и седум лица ја преживеаја ужасната несреќа на домашниот лет од Москва за Мурманск, во северозападна Русија, од кои десетмина се повредени.