Во Кина во последните 24 часа се потврдени 46 нови случаи на коронавирус, од кои 36 се увезени, соопшти Националната зравствена комисија.
Забележани се 10 случаи на локална трансмисија. Вчера е забележан и еден смртен случај во покраината Хубеи.
До вчера во Кина се забележани 1,5 илјади увезени случаи.
Од почетокот на епидемијата, во Кина се потврдени 82.295 случаи, од кои 1.137 сè уште се на лекување, 77.816 се излекувани, а 3.342 починале.