Градоначалникот Смилевски му го отстапи на МВР службениот автомобил и уште две општински возила

Градоначалникот на Општина Бутел, Велимир Смилевски го отстапил службениот автомобил на полицијата за подобра мобилност при справување со пандемијата, дознава 24 Инфо. Смилевски отстапил на полицијата и уште две службени возила.

-Во интерес на здравјето на граѓаните одлучивме да помогнеме на припадниците на МВР кои се во првите редови во битката со коронавирусот, а за таа цел отстапуваме три општински возила. Истите ќе помогнат во подобра мобилност на полициските екипи кои постојано се на терен, изјави Смилевски.

Како и неговиот колега од Бутел, така и градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин отстапи две службени возила за потребите на министерството за внатрешни работи. Општина Аеродром секоја недела редовно помага и со дистрибуција на средства за дезинфекција.

Претходно и градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Наумовски го отстапи на полицијата служениот автомобил.

 

Треба да знаете
Последни објави