Изолацијата влијае на психичката состојба и го слабее имунолошкиот систем, вели за ДВ професорот по психијатрија Манфред Шпицер. Она што го зајакнува системот, вели тој, е излегувањето надвор, особено во шума.
Во борбата против ширењето на коронавирусот многу земји воведоа забрани за движење или контакти и на различен начин го ограничија социјалниот живот. Дури и таму каде седењето дома не е пропишано со закон, луѓето од страв ретко или воопшто не излегуваат од дома.
„Знаеме дека карантинот- како ултимативен облик на забрана за движење- навистина може да води до психички пореметувања дури и кај сосема нормалните луѓе“, вели Манфред Шпицер, професор по психијатрија на Универзитетот во Улм и шеф на тамошната психијатриска клиника…
Преземено од dw.com