Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дријан вчера го повика кинескиот амбасадор во Франција за да го искаже своето „неодобрување за одредени неодамнешни коментари за коронавирусот”, јави дописникот на МИА.
„Јасно му ги изнесов неодобрувањата за одредени неодамнешни забелешки на амбасадорот на Народна Република Кина во Франција, кога беше повикан во Министерството за Европа и надворешни работи”, се вели во соопштението за печатот на шефот на француската дипломатија.
-Некои неодамнешни јавни изјави на претставниците на кинеската амбасада во Франција не се совпаѓаат со квалитетот на билатералните односи меѓу нашите две земји, продолжува понатаму Ле Дриан, Тој се осврнува на кампањата без комплекси што ја води оваа амбасада за ја претстави „победата” на кинеската Влада во својата битка против коронавирусот и притоа го критикува управување со оваа епидемија на западот.
Во неделата кинеската амбасада во Франција објави на својот сајт долг текст со наслов „Враќање на искривените факти – набљудувања на кинески дипломат на функција во Париз”. Запад е обвинет особено за неправедното омаловажување на Кина, откако на почетокот на епидемијата ја нарекоа болеста Ковид-19 „грипче”, додека Американците се критикуваат дека го отпуштија командантот на носачот на авиони чиј екипаж е заразен со вирусот. Текстот, исто така, обвинува – без да даде докази – дека францускиот медицински персонал на установите за стари лица (Ехпад) дека „ги напуштиле своите работни места преку ден(…) оставајќи ги своите станари да умрат од глад и болести” .
-Ковид-19 е пандемија што ги погодува сите континенти и сите општества. Соочен со вирусот и неговите последици врз нашите економии, нема простор за контроверзии и Франција работи решително во корист на единството, солидарноста и поголема меѓународна соработка, одговори францускиот министер за надворешни работи.