Во овој тежок период предизвикан од глобалната пандемија од коронавирусот, од исклучителна важност се ефикасните и корисни мерки на државните институции со коишто ќе се ублажи ударот врз економијата, врз стопанството и врз граѓаните.
Мерката за финансиска поддршка на работодавачите од 14.500 месечно по вработен, ќе помогне да се спасат 250 илјади работни места и ќе им помогне на над 35 илјади компании.
Оваа мерка можат да ја искористат сите компании коишто се соочуваат со намалени приходи од над 30% во април и мај споредено со просекот од истите месеци во 2019 година, да не се исплаќа дивиденда или бонуси за време на користење на мерката и да нема над 120.000 денари нето плата на над 10% од вработените.
Мерката е достапна за сите вработени кои имаат нето плата до 39.900 денари, но и за сите управители и сопственици со нето плата до 39.900 денари.
Мерката може да ја користаат и претприемачите кои веќе ја користат мерката за субвенционирање на придонесите за покачување на платите.
Мерката единствено не може да се користи за вработени за кои работодавачот веќе користи ослободување од плаќање на придонеси од проектот “Македонија вработува 1 и 2” и за вработени за кои ќе се користи антикризната мерка за 50% субвенции на придонеси, којашто е дел од големиот пакет економски мерки.
Аплицирањето е едноставно и се реализира преку Управаата за јавни приходи, а по одобрување на апликацијата, средствата ќе бидат исплатени најдоцна до 13иот ден од месецот, а платата на вработенените ќе треба да биде исплатена на 15иот ден во месецот за претходниот месец.
Добиените средства се враќаат само доколку копманиите остварат добивка во 2020 година и тоа максимум до 50% од тоа што компанијата го добила како финансиска поддршка.
Работовадачот кој е корисник на мерката е обврзан до јули 2020 година да го задрши истиот број на вработени што копманијата го имала кога аплицирала.
СДСМ ги охрабрува сопствениците на фирми да ја искористат владинита мерка со која ќе обезбедат приходи за своите вработени и полесно ќе ја пребродат економската криза предизвикана од коронавирусот.