Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против С.K.(48) од Делчево и С.З.(50) од с.Панчарево, пехчевско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.
Првопријавената, вработена како лекар во здравствена установа од Делчево, постапила спротивно на одлуките на Владата, и изготвила медицинска потврда, во која навела дека лицето В.З. од с.Панчарево, дошол во нејзината ординација на лекарски преглед во придружба на четири лица, иако знаела дека истите не биле во придружба на пациентот.
Со потврдата лицата се движеле во времето на полицискиот час, постапувајќи спротивно на одлуката на Владата на РСМ дека во време на забрана за движење, придружба на лице за давање итна медицинска помош можат да вршат најмногу две лица.
Имено, второпријавениот телефонски на првопријавената и ги именувал четирите лица кои таа требало да ги наведе во потврдата за да им послужи за патување на истите во време на забраната за движење, со што со умисла ја поттикнал лекарката да го стори кривичното дело, иако знаел дека лицата наведени во медицинската потврда не биле во придружба на пациентот.