Реконструкцијата на фудбалскиот стадион „Сантијаго Бернабеу“, домот на славниот и трофејниот Реал Мадрид наскоро треба да почне. Овие активности беа планирани да се изведуваат во текот на летото, но бидејќи не се играат натпревари поради пандемијата со коронавирусот тие ќе стартуваат порано од предвиденото. Стадионот „Сантијаго Бернабеу“ е изграден пред 73 години, а планираната реконструкција ќе чини 500.000.000 евра. По завршувањето на сите работи Реал Мадрид ќе добие ултра модерен стадион. Раковдството на „кралевите“ објави видео за тоа како на крајот треба да изгледа нивниот стадион, но без да навлезе во детали колку уште треба да се вложат пари за да се завршат сите работи на него.
Надворешната фасада ќе добие модернистички изглед, а бетонската конструкција ќе се замени со челична со најмодерен изглед. Кровот на стадионот ќе може и да се затвора, ќе бидат додадени и ресторани и комерцијални простории, а реновирање и проширување ќе добие и музејот на клубот.
🏟️✨ Por muchos momentos más inolvidables en casa…
🚀 El Santiago Bernabéu del futuro.#RMFansEnCasa | #YoMeQuedoEnCasa pic.twitter.com/ETgLVRpznD— Real Madrid C.F. (@realmadrid) April 13, 2020