Прометот во малопродажбата во САД забележа рекорден пад минатиот месец, бидејќи обврската за затворање на фирмите поради контрола на ширењето на Ковид-19 ја намали побарувачката за артикли за широка потрошувачка.
Министерството за трговија на САД денеска соопшти дека прометот во трговијата на мало се намалил за 8,7 проценти, што е најголем пад од 1992 година, кога е воведен таков показател во евиденцијата.
Пометот во малопродажбата во фебруари беше намален за 0,4 отсто.
Потрошувачката на населението изнесува повеќе од две-третини од американската економска активност.
Економистите очекуваат помал пад на потрошувачката во вториот квартл пред се поради фискалниот пакет за поддршка на економијата и граѓаните во висина од 2,3 билиони долари.