Хрватската пеачка Северина вечерва е уапсена во Белград. Полицијата ја запрела на улицата ,,Партизански aвијации” за време на полициски час без дозвола за движење пренесуваат српски медиуми. Пеачката управувала возило ,,бем-бе” со загребски регистарски таблици.
Таа била веднаш приведена и однесена во полициска станица во Нов Белград на понатамошни испитувања.