Генералниот секретар на ООН, Антонио Гутереш, го повика американскиот претседател Доналд Трамп да не го прекинува финансирањето на СЗО.
„Сега е време за единство, за соработка во меѓународната заедница, време е за солидарна заедничка работа и борба против коронавирусот и последиците од пандемијата“, порача Гутереш.
Трамп претходно нареди да се прекине американското учество во финансирањето на СЗО, бидејќи е незадоволен од управувањето на оваа организација во текот на пандемијата. Според американскиот претседател, СЗО не успеала да ја исполни својата основна должност и мора да понесе одговорност.
Лани САД во СЗО дoнирале повеќе од 400 милиони долари, што е околу 15 отсто од буџетот на Светската здравствена организација.