Трамп го прекина финансирањето на СЗО

Претседателот на САД Доналд Трамп и наложи на својата администрација привремено да престане со финансирање на Светската здравствена организација за нејзиното постапување со пандемијата на коронавирус.

СЗО не успеа во својата основна должност и таа мора да биде одговорна, рече Трамп  и оцени дека групата ја промовирала „дезинформацијата“ на Кина за вирусот што веројатно довело до поширока појава на вирусот.

Трамп претходно ја обвини СЗО дека е пристрасна кон Кина. Реагираше и претседателот на ОН, Антонио Гутереш, кој порача дека „сега не е време за кратење на ресурсите на СЗО“.

Америка е најголемиот самостоен финансиер на СЗО, со 400 милиони долари само минатата година, што е 15% од вкупниот буџет на СЗО. За разлика од неа, Кина на СЗО и донира 76 милиони долари, и 10 милиони преку волонтирање.

 

Треба да знаете
Последни објави