Два турски борбени авиона од типот Ф-16 денеска во повеќе наврати го прелетале небото над Грција без дозвола на грчките власти.
Околу 13 часот по локално време, авионите Ф-16 прелетале над источниот брег кај островите Самос, Арки, Грилуси, Липси и Фармакониси, без дозвола од грчките власти, а 10 минути подоцна прелетале над Агатониси.
Како што соопштија грчките власти, турските авиони ги пресретнале авионите на грчката војска и ги „допратиле” до воздушната граница.