Канскиот филмски фестивал оваа година нема да го има својот „оригинален формат“ поради коронавирусот, соопштија во вторникот организаторите, пренесува „Ројтерс“.
„Фестивалот сепак ќе биде вистински, на еден или на друг начин,“ додаваат тие во соопштението.
Филмскиот фестивал, еден од најголемите во светот, првично требаше да се одржи од 12 – 23 мај.