Во Арачиново, претежно е мирно. За среќа до овој момент немаме ниту еден граѓанин со коронавирус- вели за 24 инфо градоначалничката Меликие Халими. Во моментов во оштината има тројца сограѓани кои се дојдени од надвор од државата пред извесно време, и истите се во домашна изолација.
-Ние како општина, и тоа како мала општина, сме во постојан контакт со населениете, се трудиме да ја покренемене нивната свест и совест да се придржат до мерките за претпазливост кои се пренесени од Министерството за Здравство, како и од другите институции, вклучувајќи ја и Владата на Република Северна Македонија. Од превземените активности како општина, сме извршиле дезинфекција на сите јавни објекти во склоп на нашата општина, како што се основните училишта, како и верските објекти, поточно неколкуте џамии во селата што ги покриваме- вели Халими.
Во општината има формирано и Кризен Штаб, кој е во постојан контакт со надлежните институции, како и со населението.
-Најголемиот дел од граѓаните во нашата општина се од исламска вероисповест. Сите џамии и молитви се укинати, и граѓаните се придржуваат на апелот и на Исламска Верска Заедница. Ние, со имамите во селото сме во постојан контакт, и за пофалба, сиите имаат разбирање, како најдобро да се штитиме од пандемијата.
Како што знаете, ние сме рурална општина, и дел од населениете се занимава со земјоделие. Тука е најтешкиот дел, но граѓаните имаат разбирање и ги почитуваат владините мерки, да не бидат во големи групи и кога одаат за тековни земјоделски работи.
Како и во секоја општина, и кај нас, потролираат полициски службеници за време на полицискиот час, за да се мирно- вели првиот човек на Арачиново.
Таа како градоначалник, апелира до сите граѓани да седат дома што е можно повеќе, и заедно и сплотени да ја надминат ова пандемија која е глобален проблем не само кај нас.Со надеж дека многу брзо ќе имаме разрешница на епидемијата кај нас и сегде во светот.
Валентина Ангеловска