Шведска ќе потроши повеќе од 10 милијарди долари од својот нов буџет за борба против епидемијата на коронавирусот, која блокираше поголем дел од економијата, изјави денеска министерката за финансии Магдалена Андерсен.
Голем број шведски фирми се затворени поради пандемијата, а илјадници работници останаа без работа.
Владата веќе објави голем број мерки, вклучително субвенции за скратено работно време, даночни олеснувања, гаранции за задолжување на компаниите и поедноставување на правилата за апликација за користење на придобивките, за да помогне во ублажување на економското влијание на пандемијата.
– Мерките што ги презедовме се без преседан во шведската историја. Имаме многу добра почетна позиција со најниско ниво на државен долг од 1977 година, рече Андерсен на прес-конференција.
Шведска, за разлика од многу други земји, не се одлучи за општа вонредна состојба, но Андерсен сепак предвидува пад на економската активност оваа година од четири проценти.
Според ова сценарио, шведската економија би можела да забележи пад од 10 проценти, а невработеноста ќе се зголеми на 13,5 проценти, додека буџетскиот дефицит на земјата би достигнал 9,0 проценти од БДП. Долгот на јавниот сектор би се зголемил на повеќе од 50отсто од БДП од сегашните 35 проценти.