Познатиот моден дизајнер Џорџо Армани изјави дека е неморално што модната индустрија усвоила брзи промени во модните трендови со надеж дека ќе продаде повеќе и дека тоа е причината за нејзиниот пад, и дека тој повеќе не сака да го прави тоа, и дека тоа е можеби најважната лекцијата што ја научил од оваа криза.
„Нема смисла една од моите јакни или костуми да живеат во продавницата само три недели и веднаш да станат застарени, да бидат заменети со нови производи, не многу различни од оној што им претходел. Јас не го правам тоа, сметам дека е неморално да го сторам тоа. Отсекогаш верував во идејата за безвременска елеганција, во создавање облека што ќе трае со текот на времето“, пишува Армани за комерцијалниот магазин на модната индустрија „Дејли вер Дејли“ (WWD).
„Неморално е. Моментот низ кој минуваме е тежок, но ни нуди единствена можност да го исправиме она што е погрешно, да го отстраниме она што е вишок и да ја најдеме човечката димензија … Ова е можеби најважната лекција од оваа криза“, смета Армани.
Публикацијата е главно посветена на финансиери, медиумски менаџери, агенции за рекламирање, производители, дизајнери и трговци на мало.
Според него, тој работел со своите тимови веќе три недели, така што откако ќе заврши карантинот, неговата летна колекција ќе остане во бутиците барем до почетокот на септември, „како што е природно“, вели познатиот моден дизајнер.
„И така, ќе работиме од сега. Оваа криза е исто така прекрасна можност да се вратат вредностите на автентичноста: доста со модата како со комуникациска игра, доста со модни ревии низ целиот свет кои се само изговор за презентирање на празни идеи. Доста со забава и грандиозни спектакли кои денес се откриваат онакви какви што се навистина: непримерени, па дури и вулгарни, мислам“, заклучува модниот креатор Џорџо Армани во своето писмо за магазинот WWD.