Во Русија во изминатите 24 часа, има 3.388 нови случаи на инфекција со коронавирус и овој број сè уште се зголемува.
Досега заразени се 24.490 лица, а починале 198 луѓе.
Најголемото жариште е во Москва, па оттука московските власти одлучија да оспособат уште 24 болници за пациенти со ковид-19 и со тоа да имаат вкупно 21.000 расположливи кревети во рок од 10 дена.
Заменик-градоначалникот на Москва, Анастасија Ракова во петокот предупреди дека ситуацијата станува се повеќе драматична.
„Како што расте бројот на пациенти со сериозни симптоми, здравствениот систем во главниот град се соочува со драматично оптоварување. Нашите болници и амбулантски услуги работат до своите крајни граници”, рече Ракова.