Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека засега ја обезбедил поддршката од три постојани членки на Советот за безбедност на ОН за иницијативата на светската организација за прогласување на прекин на огнот и непријателствата во целиот свет зарада поефикасна борба против пандемијата на коронавирусот, јавија британските медиуми.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, уште на 23 март апелираше до сите земји да прогласат глобално примирје и предупреди дека во земјите во кои беснеат војни е уништен здравствениот систем и дека нема доволно здравствени работници.
Францускиот претседател изјави дека претседалите на Кина и САД, Си Џипинг и Доналд Трамп, и британскиот премиер Борис Џонсон му ветиле дека ќе ја поддржат иницијативата. Макрон уште додаде и дека се надева дека во следните неколку часа и рускиот претседател Владимир Путин речиси сигурно ќе ја прифати иницијативата за глобален прекин на огнот.