Полицец кој бил дел од увидната екипа во домот на починатата К.М. (79) и нејзиниот син В.М. (53) во Велес е позитивен на Ковид 19, објави „Фокус“.
Случајот со починатата К.М. (79) и нејзиниот син В.М. (53) се уште ја бранува јавноста. Според информација од МЗ, по обдукцијата во дишното стебло на мајката бил пронајден вирусот, а според кажувањата на соседите, претпоставувале дека тие биле починати уште во месец јануари, бидејќи последен пат имале контакт со нив неколку дена по Нова Година.
Токму соседите, загрижени за мајката и синот, кои имале здравствени проблеми, но и поради лошиот мирис којшто започнал да се шири во зградата, се јавиле во полиција и побарале службените лица да ги проверат.