Пред околу еден час во притворот во Шутка почина момче на 23 годишна возраст дознава ЦИВИЛ Медија.
Директорот на КПУ Затвор – Скопје, Есад Рахиќ за ЦИВИЛ Медија ја потврди оваа информација.
„Се работи за момче на 23 годишна возраст, кое е во притвор од декември минатата година“, изјави Рахиќ. Тој демантираше дека притвореникот бил во карантин изминатите неколку дена, а повеќе детали најави по истрагата која се спроведува во моментов, но и обдукцијата на починатото лице.